Италијанската фудбалска федерација ги истражуваше сомнителните пораки пратени од играчот на Парма, Емануеле Калаио до играчите на Специја Филипо де Кол и Клаудио Терци каде тој им пишува да не го дадат максимумот како неговиот тим ги освоил клучните три бода за влез во Серија А.
Калаио беше прогласен за виновен и му беше врачена две годишна суспензија, а Парма не беше вратена во Серија Б, туку новата сезона во Серија А ќе ја почне со -5 бода.
Ѕампарини се чуди зошто не се одземени бодовите на Парма од мечот со Специја, туку добиваат минус пет во Серија А.
„Што му дадоа на Калио на крајот? Две години? Значи го казнија фудбалерот, клубот е вновен и треба да сносат санкција од три бода за тој меч“, вели Ѕампарини.
„Треба да им ги земат бодовите од дуелот со СПеција. Ова е срамота, требаше да им ги одземат тие бодови“.
„Значи тие открија криминал, а потоа го казнија погрешно“.
„Тие потврдија дека се случил скандалот, но не дадоа казна за мечот Специја – Парма. Тоа е апсурдно“.
„Не застанувам тука, ќе барам да ни се плати штета за ова. Стравувам дека Парма ќе тврди дека тоа било само шега“.