Новинарот Фабрицио Романо објави дека паднал договор помеѓу Челси и Енцо Мареска за петгодишна соработка со опција истата да биде продолжена до јуни 2030 година.
Само прашање на време е кога Челси ќе го потврди Енцо Мареска како наследник на Маурисио Покетино.
Добро упатениот новинар Фабрицио Романо ојави дека паднал договор помеѓу двете страни, станува збор за петгодишна соработка, со опција истата да биде продолжена до јуни 2030 година.
Секако, ќе има и неколку клаузули со кои „сините“ ќе се заштитат во случај предвреме да биде прекината соработката.
Во меѓувреме, Стандард објаснува зошто „сините“ се решиле за младиот италијански стратег.
Една од причините е тоа што работеше како помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, и сите гледаат како Микел Артета (кој исто му беше помошник на Пеп Гвардиола) го трансформираше Арсенал.
Раководството на Челси исто така било импресионирано од плановите кои им ги презентирал Енцо Мареска, и неговите тактики 4-3-3 и 4-2-3-1.
Енцо Мареска особено „ги купил“ со презентацијата како ќе успее да го извлече најдоброто од скапото засилување Енцо Фернандез, во кого беа инвестирани преку 100 милиони фунти.
Тој презентирал неколку аргументи и начини, и ветил дека Аргентинецот ќе блеска на средината од теренот заедно со Моисес Каиседо.