972
По натпреварите во европските натпреварувања кои се играа неделава во центарот на вниманието е незадоволството на одредени екипи.
Најмногу се коментираше незадоволството на Атлетико за натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но критики за арбитражата имаше и Жозе Мурињо по елиминацијата на неговиот Фенербахче од Лигата на Европа.
Последен клуб во низата кој објави реакција е Реал Сосиедад кој беше поразен од Манчестер јунајтед со 1-4.
„Ѓаволот носеше сино“, објави Сосиедад на социјалните мрежи додавајќи и видео снимка за ситуациите во кои сметаат дека се оштетени.
The devil wears blue
— Real Sociedad
𝗜𝗡𝗦𝗜𝗗𝗘https://t.co/iRSkaEhmMI#UEL pic.twitter.com/ks2JulIgWC
![]()
(@RealSociedadEN) March 14, 2025