426
„Каталонците“ денеска соопштија дека е подадена рака со Гави за нов договор, младиот Шпанец се обврзал на соработка до 30. јуни 2030.
Барселона ја обезбеди иднината на уште еден важен играч, по Роналд Араухо и Педри, падна договор и со Гави за нова соработка.
Клубот од Камп Ноу попладнево брифираше дека си подале рака со Гави, младиот Шпанец ќе стави потпис на договор до 30. јуни 2030.
Сега за Жоан Лапорта и Деко останува само уште едно нерешено прашање, иднината на Френки де Јонг.
Холанѓанецот е под договор до 2026 (исто како што претходно беа Араухо, Педри и Гави) и до сега одби неколку предлози за продолжување на соработката.