100
Фудбалерот на Барселона, Гави настапи на вчерашниот меч против Севиља кој каталонскиот клуб го доби со 5-1.
Тоа беше враќање на теренот за Гави по точно 349 дена колку што беше надвор поради рехабилитацијата од тешката повреда.
„Многу сум среќен што се вратив по долго време, со месеци сонував за овој момент“, рече Гави по натпреварот.
„Најлошата работа беше што не бев со тимот, многу е тешко да се гледаат натпреварите од надвор“.