Гатузо веќе стана селектор, а сега и Канаваро е на чекор до нов ангажман

by Стефан
1 минути читање

Фабио Канаваро наскоро би можел да се врати на тренерската работа и тоа како тренер на ЦСКА Москва.

Италијанскиот стратег, кој последен пат седеше на клупата на Динамо Загреб каде што водеше битка со Џанаро Гатузо кој по заминувањето од Хајдук е пред промоцијата на клупат на Италија, е прв фаворит за преземање на рускиот гигант, пренесува реномираниот новинар Николо Шира, повикувајќи се на извори блиски до рускиот клуб.

ЦСКА минатата сезона ја заврши на третата позиција со 59 освоени бодови под водство на Марко Николиќ, кој по само една година си замина, иако успеа да го освои Купот на Русија. Но, поради санкциите од УЕФА, рускиот гигант и оваа сезона ќе биде отсутен од европските натпреварувања.

Канаваро, кој е светски шампион со Италија од 2006 година, има солидно тренерско искуство. Покрај Динамо Загреб, во својата кариера ги водеше и Удинезе, Беневенто, кинеските Тијанџин и Гвангжу, како и екипите на Ал-Наср и Ал-Ајли, а исто така седна и на селекторското столче на Кина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×