177
Гатузо не му даваше голема шанса на Елмас, синоќа македонскиот фудбалер во игра влезе во 67. минута и покажа дека треба почесто да биде на теренот.
„Би сакал да му честитам на Елмас кој влезе на местото од Каљехон. Внесе вистински дух на теренот кога не ни одеше најдобро“, изјави Гатузо.
Наполи со 1-0 го победи Лацио и се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија.