Елиф Елмас
денеска одново беше стартер за Наполи, мечот против Каљари го започна од првата
минута, и то во нападот на местото на Инсиње. Македонецот остана на теренот и
кога капитенот на Наполи влезе во второто полувреме, а за партијата која ја
пружи доби добри оценки.
Не изостанаа и
пофалбите од Џенаро Гатузо, кој вели дека Елиф Елмас може да направи големи работи
во фудбалот доколку остане присебен и продолжи со напорната работа.
„Елмас има само
20 години, но располага со одлична физичка подготвеност и извонредна техника,
Доколку остане на земја и продолжи со напорна работа, може да направи големи
работи во фудбалот. Ги има сите потребни квалитети“ – вели тренерот на Наполи.
За одлуката
Македонецот да добие шанса пред капитенот, Гатузо вели: „Инсиње имаше ситна
повреда а Елмас може да понуди многу. Се работи за двајца различни играчи, но
оној кој може да го даде максимумот игра. На теренот е тој што е подобар“.