Гатузо со лекција за играчите: Ова е Милан, дресот е славен, не може да освоиме само бод од дуелите со Беневенто и Верона!

by
1 минути читање

Клубот од Сан
Сиро очајно ја започна новата сезона, Милан игра под очекувањата откако летоска
беа инвестирани преку 200 милиони евра во засилувања, па тоа резултираше со
отказ за Винченцо Монтела.

Но работите не се
променија ниту по доаѓањето на Џенаро Гатузо, под негово водство, „Росонерите“
беа шокирани од Беневенто во 96. минута, а потоа и понижени на гостувањето
кај Верона.

Па како казна,
беше откажана божиќната прослава и играчите заминаа во карантин на дополнителен
тренинг.

„Ние сме Милан, овој
дрес е многу важен и славен, секој кој го носи мора да го испочитува тоа
– вели Рино. „Не може да освоиме
само бод од дуелите со Беневенто и Верона. Бевме посрамотени
.

„Одење во
карантин беше најмалку што можевме да направиме во ваков момент. Ниту еден
играч не се побуни на одлуката, доколку некој се пожалеше, јас прв ќе им кажев
на новинарите, немам влакна на јазикот
.

По поразот од
Верона се говореше дека Џенаро Гатузо си поднел оставка, но бил предомислен по
разговорот со првиот човек Марко Фасоне.

„Во ниту еден
момент не помислив на оставка. Бев во канцелариите на Милан само за да
разговараме за карантинот, дали тој да трае до среда или до сабота
.

„Знаев што ме
чека кога се нафатив на овој предизвик, знаев дека ќе има проблеми и потешкотии.
Знаев дека ме чека тешка задача и дека ќе треба да направам среќни 400 милиони
навивачи
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×