Џенаро Гатузо реши веднаш да се повлече од селекторското столче на Италија, вели дека дресот на репрезентацијата е нешто свето и веднаш треба да се отвори простор за нови луѓе.
Поразот од Босна во баражот за Светското првенство донесе неколку оставки во Италија, се повлекоа претседателот на федерацијата Габриеле Гравина и првиот човек на делегацијата, Џиџи Буфон.
Се очекуваше и оставка од Џенаро Гатузо, но денеска се појавија информации дека стратегот може да остане до крајот на договорот и да ги предводи „аѕурите“ на двата пријателски натпревари во јуни месец
Сепак, стратегот реши веднаш да си поднесе оставка, вели дека дресот на Италија е нешто свето, па најдобро е да се отвори простор за нови луѓе.
„Со тешко срце, откако не успеав да ги остварам целите кои ги поставивме, сметам дека моето искуство како предводник на националниот тим е завршено“ – се вели во соопштението.
„Дресот на „аѕурите“ е нешто свето во фудбалот, и поради оваа причина, најдобро е веднаш да се отвори простор за нови луѓе“.
„Благодарност до Гравина, Буфон и целиот тим на федерацијата за довербата и поддршката во текот на целиот период“.
„Голема чест беше да ја водам репрезентацијата и да работам со играчи кои навистина се бореа за овој дрес“.
„Но најголема благодарност оди до навивачите, до сите Италијанци кои постојано беа со нас и ни даваа поддршка“.
„Италија секогаш ќе остане во моето срце“.