Гатузо објаснува зошто Андре Силва си замина од Милан

by
1 минути читање

Андре Силва беше одличен во Порто, лош во Милан за кој постигна само два гола на 24 натпревари, но сега за Севиља повторно е извонреден, има седум гола за седум мечеви.

Тој игра како позајмен во Севиља, но тие имаат можност да го откупат за 35 милиони евра и сигурно ќе го направат тоа ако Андре Силва ја продолжи оваа форма. Тоа значи дека тој нема да се врати во Милан.

По денешниот триумф над Сасуоло, Гатузо беше запрашан и за Андре Силва со оглед на тоа што Милан остана речиси без напаѓачи за овој меч поради повредите на Игуаин, Борини и Кутроне.

„Андре Силва не сакаше да остане, кога го слушнав тоа знаев дека нема да можам да го предомислам бидејќи не можам да му ветам 25-30 натпревари. Немам сомнение дека тој е одличен напаѓач, но никој не го избрка Андре Силва. Тој сакаше да си оди“, објасни Гатузо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×