Гатузо: Моите фудбалери мора да бидат скромни, но и арогантни

by riste
1 минути читање

Вечерва Италија ја пречекува Естонија во квалификациски меч, Џенаро Гатузо на овој дуел ќе го има своето деби како селектор на Азурите.

Рино Гатузо почнува нова, можеби своето најважно поглавје како тренер. На прес-конференцијата пред мечот тој рече дека ќе бара две работи од своите фудбалери.

„Мора да бидеме скромни, но и арогантни. Скромноста значи да се враќате назад веднаш штом ќе ја загубите топката, а арогантноста значи да направите тешко додавање, а не само да се грижите да правите работи кои не носат ризици“, вели Гатузо.

„Многумина мислат дека ќе биде лесно против Естонија, но нема лесно во фудбалот. Ги анализиравме два месеци, тие ја градат играта од последната линија, дури го вклучуваат и голманот. Ако не ги притиснеме како што треба, можеда бидат опасни по нашиот гол“.

По два одиграни меча во квалификациите Италија има пораз од Норвешка и победа над Молдавија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×