167
Во сабота Милан го пречекува Лацио, тоа е исклучително значаен натпревар за росонерите кој мора да го добијат.
„Против Лацио ќе биде како финале, доколку сакаме да се квалификуваме во Лигата на шампионите не смееме да изгубиме, мора да ги освоиме сите бодови од овој меч“, изјави Гатузо.
Милан во последните четири натпревари има три порази и едно реми, иако Кшиштов Пјонтек повторно почна да дава голови.
„Не е дека другите не трчаат. Криш игра одлично. Се надевам дека ќе заврши како најдобар стрелец, но за тоа да се случи мора целиот тим да игра. Потребни ни се сите, вклучувајќи ги и дефанзивците и играчите од средниот ред“.