Неславно деби на
Џенаро Гатузо како тренер на Наполи, вечерва „наполитанците“ пред своите фанови
загубија од Парма со 1-2. Рино ќе нема многу причини за радост, гостите поведоа
по една грешка на Кулибали во 4. минута. Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски му ја
одзеде топката на дефанзивецот и рутински реализираше за 0-1.
Наполи изедначи
во 64. минута, нововлезениот Мертенс му асистираше на Милик за 1-1, и потоа
силно притисна по погодок за водство и победа.
Но во последните мигови од
средбата, избраниците на Џенаро Гатузо заборавија на својот гол, дозволија
контра на противникот, неспретно реагираа во одбраната и му овозможија на Кулушевски
да му асистира на Жервињо за 1-2 во 93. минута.
Нашиот Елиф Елмас не доби шанса и мечот го проследи од клупата за резерви.