Гатузо ја презема клупата на Италија, а во стручниот штаб ќе бидат три легенди?

by 24 фудбал
1 минути читање

Џенаро Гатузо е на чекор до селекторската позиција на Италија, пренесува „Italian Football TV“. Легендата на „азурите“ доби силна поддршка од Џанлуиџи Буфон, кој како шеф на делегацијата има клучна улога во изборот и ќе остане на функцијата и по официјалното назначување на Гатузо.

Планот е да се формира стручен штаб составен од докажани имиња поранешни светски и европски шампиони, кои ќе помогнат во изградбата на нова репрезентација заснована на чувство на припадност и искуство.

Гатузо веќе ја резервирал помошта на Леонардо Бонучи, кој моментално е дел од стручното раководство на У20 селекцијата, а втор помошник ќе му биде Андреа Барзаљи негов поранешен соиграч и дел од генерацијата која ја освои титулата светски првак во 2006 година. Очекува се во тимот да влезе и Џанлука Замброта, кој последен пат работеше во кинескиот Сунгинг.

Чезаре Прандели, поранешниот селектор на Италија, ќе ја преземе улогата на технички директор. 67-годишниот стратег има богато искуство зад себе – ја водеше „скуадрата“ од 2010 до 2014 година, а седиел и на клупите на Рома, Галатасарај и Фиорентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×