Шефот на
стручниот штаб на Наполи, Џенаро Гатузо вели дека ментално е мошне тешко да се
помине ова непознато искуство со кое се соочува сиот свет во однос на
коронавирусот, а Италија на европско тло е најзасегната.
„Серија А“ е
суспендирана како дел од мерките за спречување на ширењето на Ковид-19, а таа
мерка беше воведена и во другите првенства, има позитивни тестови кај
фудбалери, а Гатузо вели дека промената на навиките кај луѓето допира до сите.
„Ние искусуваме
нешто непознато, што воедно го менува нашиот живот и нашите навики“ вели Гатузо
во интервју за „Рекорд“.
„Ментално е многу
тешко, невозможно е да излезете на улица наутро или да одите до ресторан,
училиштата и други места се затворени, владата затвори се’, а луѓето не можат да излезат од своите домови“
додава Италијанецот.
„Сите ние сме од крв
и месо, има еден италијански комичар, Тото, кој неодамна изјави во стилот:
‘Ние би можеле да бидеме осамени,
но, на крајот сите ќе завршиме под иста земја’, ова е тивок вирус, многумина се заболени“
заклучи Гатузо.