Гатузо горд на своите избраници но со една забелешка: Бесен сум, не можеме вака…

by
1 минути читање

Милан доживеја елиминација од Лига Европа откако вечерва загуби на гостувањето во Лондон. „Росонерите“ можат да жалат откако беа оштетени само неколку минути по водството со прекрасниот гол на Чалханоглу. Судијата Ериксон наседна на глумата на Дани Велбен и на совет од својот помошник покажа на белата точка.

Џенаро Гатузо по крајот на натпреварот не сакаше да го впери прстот кон арбитарот и машки го призна поразот. Тој исто така истакна дека е горд на своите играчи за прикажаното на Емирати но имаше една мала забелешка.

„Горд сум на моите избраници, двомечот го загубивме уште на Сан Сиро“ – вели популарниот Рино. „Бесен сум само поради една работа, поради тоа што се откажавме по водството на Арсенал од 2-1 и примивме трет гол. Престанавме да играме, моравме да продолжиме да се бориме“.

„Не сакам да зборувам за судијата, бидејќи и тој може да направи грешка. Не сакам да бараме никакво алби. Како што кажав, бесен сум поради третиот гол. Не смеевме да дозволиме да ни падне моралот и да примиме уште еден погодок. Мораме да бидеме во игра 90 минути“.

Покрај судиската неправда, на поразот кумуваше и киксот на Џиџо Донарума, кој мораше многу подобро да реагира при шутот на Џака.

„Џиџо треба да ја исправи главата и да продолжи. И најдобрите голмани во светот прават грешки. Нима никаков проблем, имам голема доверба и почит кон Донарума“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани