174
Брзо по официјалната презентација како тренер на Милан, Џенаро Гатузо гостуваше во комичното италијанско шоу, Ла Јен.
Двајцата „откачени“ водители му поставија неколку интересни прашања, му подарија чекан за да ги тепа фудбалерите ако бидат непослушни, му дадоа двоглед бидејќи сезоната е долга и зимска јакна за да му биде потопло. На крајот му рекоа да изговори одредени зборови на кинески кои значеа „Форца Интер“, Рино го направи тоа, а откако му кажаа што рекол им даде по една „заушка“ на водителите.