Гатузо и Пирло играа заедно во средината на теренот за Милан кога Карло Анчелоти беше тренер. Гатузо ја вршеше валканата работа, додека Пирло беше креативецот.
Од „Радио 24“ Гатузо беше запрашан дали неговата работа на теренот го направила Пирло подобар фудбалер, тој одговори:
„Не зборувајте глупости, ајде да не мешаме Нутела со гомна“.
„Кога го видов како игра, помислив да ја променам професијата. Никој не го знае тоа подобро од мене, бидејќи јас со него почнав да играм од репрезентацијата на Италија до 15 години, и потоа во сите младински селекции“.
„Не се работи само за неговиот квалитет, туку тој беше животно што можеше да покрие 1000 метри, беше вистинска атлета, затоа играше до 38 години“.
„Со него играв околу 20 години кога ќе ги земем во предвид и настапите со младинските селекции на Италија, кога бев во тешки ситуации него му ја давав топката. Кога тој беше до мене, секогаш чуствува сигурност“.
„Јас знаев што треба да правам, а за останатото се грижеше тој. Тој ми помогнал многу повеќе во кариерата, отколку јас него“.
„Во соблекувалната? Тој беше голем кучкин син, со сета почит за неговата мајка! Ме закачаше со месеци, беше многу интересен. Го имам удрено повеќе пати отколку Бад Спенсер што го удрил Теренс Хил“.
Пирло во 2011 од Милан премина во Јувентус, некои росонери не му го забораваат тоа, но меѓу нив не е Гатузо.
„Тој имаше неверојатна среќа да го најде Јувентус кој не беше во Европа и работеше премногу напорно со Конте“.
„Знаете каков е Конте, тој е лошо момче една недела, па потоа почнувате да се чувствувате добро. На Пирло му беше потребно тоа, таа напорна работа повторно му ја врати желбата за фудбал. Според мене тоа беше тајната“.