Гаштаров: Полска и Италија се сериозни репрезентации, но и ние имаме квалитет и голем мотив!

by Стефан
1 минути читање

Покрај „А“ селекцијата обврски во септември ја очекуваат и репрезентацијата на Македонија до 21 година и тоа во квалификациите за Европското првенство во 2027 година.

Македонија на 5 септември ќе игра против Полска на гости, додека четири дена подоцна во Битола ќе бидеме домаќини на Италија.

Дел од составот на селекторот Горан Станиќ зао вој натпревар е и фудбалерот на Црвена Звезда, Матеј Гаштаров.

„Нормално е да се надеваме на големи работи и борба за првите места на табелата. Имаме голем предизвик пред себе, играме против две многу сериозни и квалитетни репрезентации, Полска и Италија. Ние, од друга страна, како генерација имаме многу квалитет и голем мотив да одиграме најдобро. Одлично се подготвуваме и секогаш сме среќни кога сме дел од националниот тим, што е многу важно за тимскиот дух. На тренинзите и на натпреварите се чувствува сплотеност и желба, а тоа многу значи. Одиме да се надигруваме со сите, одиме да победуваме и да им донесеме радост на навивачите“, изјави Матеј Гаштаров.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×