Руди Гарсија го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите од октомврискиот циклус од квалификациите за Светското првенство. Белгија во овој прозорец ја дочекува и Македонија во првата средба.
На списокот на Гарсија има неколку интересни имиња, а се издвојуваат искусните повратници Аксел Витсел и Мичу Батшуаји. Тие влетаа во комбинација поради повредите на Јури Тилеманс и Ромелу Лукаку.
Списокот на белгиската репрезентација:
Белгија ќе ја дочека Македонија во Гент на 10 октомври, a само три дена подоцна му гостува на Велс.