Селекторот на Белгија, Руди Гарсија и покрај ремито со Македонија е уверен дека тие на крајот ќе го освојат првото место и ќе се изборат за директен пласман на Светското првенство.
Белгија е најголем фаворит во нашата група, но не успеа да ја победи Македонија ниту во Скопје, ниту во Гент.
Белгијците вечерва со сите сили се обидуваа да ја пробијат гранитната одбрана на Македонија на чело со Димитриевски, но не успеаа.
„Ништо не можам да им забележам на фудбалерите. Создадовме многу шанси и имавме огромен број удари кон противничкиот гол, но македонскиот голман бранеше извонредно. Кога не можеш да победиш, важно е барем да не загубиш. Ако ги добиеме последните три натпревари, ќе ја завршиме групата како лидери. Сѐ зависи од нас“, рече Гарсија по мечот.
Следниот натпревар на Белгија е на гостински терен кај Велс и од тој резултат ќе зависат многу работи во нашата група.