Гарначо се договори со Челси, останува уште една пречка за реализација на трансферот!

by riste
0 минути читање

Голема е веројатноста дека Алехандро Гарначо во новата сезона ќе го носи синиот дрес на Челси.

Информациите од Англија велат дека Гарначо ги договорил личните услови со Челси.

Но, за реализација на трансферот потребно е и двата клуба да постигнат договор за висината на обештетувањето.

Наводно, преговорите меѓу двете страни се интензивираат и се бара решение. Владее оптимизам дека ќе биде постигнат договор и Аргентинецот наскоро ќе се пресели во Лондон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×