Гарначо сака само преселба во Челси, Манчестер јунајтед ќе го продаде под еден услов

by bojan
1 минути читање

Алехандро Гарначо ги одбива сите понуди, последната е од Баерн Минхен, бидејќи сака само преселба во Челси, Манчестер јунајтед ќе му дозволи да се пресели на Стемфорд Брич само доколку на маса бидат ставени 50 милиони фунти.

Алехандро Гарначо е дел од фудбалерите на кои не смета Рубен Аморим и ова лето треба да си пронајде нов клуб.

Се шпекулира дека Аргентинецот на ум има само преселба во Челси и ги одбива сите понуди, последната била од Баерн Минхен.

Манчестер јунајтед ќе му дозволи да се пресели на Стемфорд Бриџ, но само под еден услов – на маса да бидат ставени 50 милиони фунти.

„Ѓаволите“ сметаат дека нивната проценка на вредноста на фудбалерот е фер и точна.

Останува да се види дали Челси е подготвен да плати ваква сума, се верува дека „сините“ сметаат дека 30 милиони фунти се доволни за трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×