„Гарначо не знаеше ништо за Аталанта… епа сега знае кои сме!“

by bojan
1 минути читање

Напаѓачот на Аталанта, Шарл Де Кетеларе му одговори на Алехандро Гарначо и коментарите на фудбалерот на Челси, кој рече дека не знае практично ништо за „црно-сините“ од Бергамо.

Во пресрет на натпреварот помеѓу Аталанта и Челси во Лигата на шампиони, Алехандро Гарначо се појави пред медиумите и покажа одредена доза на ароганција, изјави дека практично не знае ништо за противникот.

„Последен пат ја гледав Аталанта пред две години, кога победија во финалето во Лига Европа“ – рече Аргентинецот.

„Црно-сините“ од Бергамо со голем пресврт во вториот дел го фрлија Челси на колена, па Шарл Де Кетеларе не го заборави Алехандро Гарначо.

„Сега добро знае кои сме!“ – порача стрелецот на победоносниот гол за Аталанта.

Фудбалерот од Белгија потоа додаде: „Не е возможно да одиграме толку лош натпревар против Верона, и потоа да победиме на ваков меч. Мораме да ја подобриме конзистентноста“.

„Поразот од Верона беше навистина лош, но знаеме дека поседуваме многу квалитет, дека можеме многу подобро, и тоа го покажавме денеска“.

ФОТО: X/Atalanta B.C.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×