289
Аргентинскиот фудбалер Алехандро Гарначо кариерата ќе ја продолжи во редовите на Челси со кој потпиша договор на седум години.
Младиот офанзивец на „Стемфорд Бриџ“ пристигнува од Манчестер јунајтед, каде во изминатите месеци беше надвор од плановите на менаџерот Рубен Аморим и неколкупати јавно го изрази своето незадоволство.
„Голема чест е што станав дел од овој клуб. Челси е еден од најголемите во светот и со нетрпение очекувам да го облечам синиот дрес. Го следев тимот на Светското клупско првенство и сум возбуден што ќе бидам дел од оваа приказна,“ изјави Аргентинецот на своето претставување.