Ганецот кој постојано се „разминува“ со Ристовски: Имам играно против него, зезнат тип…

by
1 минути читање

На бранителот на
хрватската титула Ријека, му тргна со позајмување на фудбалери од италијанските
клубови, доста успешна се покажа инвестицијата во нашиот Стефан Ристовски од
Латина, а сега има нова „златна кокошка“ во тимот со одлична вредност на
трансфер пазарот, напаѓачот од Гана, Максвел Акости.

Во интервју за „Јутарњи“
тој ја пренесува својата приказна од животот за тоа како станал фудбалер,
неговите родители сакале да се посвети на школувањето, играл бос низ улиците во
својата земја бидејќи не можел да си дозволи да купи патики.

Ќе го памети моментот
кога автомобил со затемнети стакла пришол до него, излегле агенти и го прашале
дали сака да го однесат на проба во Италија, тука започнува успехот за него, а
вели дека бил преплашен во разговорот со нив, бидејќи во Африка разговор со
непознати не е баш добредојден.

Она што е за
македонската јавност интересно од ова интервју, е прашањето на хрватскиот
медиум во однос на Стефан Ристовски.

Една од вашите станици
беше и Латина, од каде во Ријека дојде и Стефан Ристовски?
“ прашува хрватскиот медиум.

И во Латина, и во
Ријека се “промашивме“ за неколку месеци и жал ми е што не се запознавме. Но
сум играл против него додека бев во Модена, зезнат тип, ха-ха…
“ вели Акости

кој шест години беше дел од Фиорентина, но не доби
адекватна прилика за докажување.

 

Извор: sportske.jutarnji.hr

Можно е и ова да ти се допаѓа

×