Фудбалската асоцијација на Гана се раздели со селекторот на репрезентација Ото Адо, на само 72 дена пред почетокот на Светското првенство.
Одлуката беше објавена доцна синоќа, неколку часа по поразот од Германија со 1-2 во Штутгарт и само неколку дена откако Гана загуби со 1-5 од Австрија.
„Фудбалската асоцијација на Гана го раскина договорот со главниот тренер на сениорската машка репрезентација, Ото Адо. Одлуката веднаш стапува на сила“, се вели во соопштението.
GFA part ways with Otto Addo https://t.co/HXaoJNQUGh
— 🇬🇭 Black Stars (@GhanaBlackstars) March 31, 2026
Поранешниот играч на Борусија Дортмунд, Адо, кој беше назначен во март 2024 година, не успеа да ја однесе Гана на Африканскиот куп на нации во 2025 година и покрај тоа што во тимот има играчи од Премиер лигата како Антоан Семења и Мохамед Кудус. Минатиот месец слична судбина доживеа уште една африканска селекција – Мароко чија федерација одлучи дека сега е погоден момент да назначи нов селектор.
Одо оствари осум победи и девет порази во 22 натпревари како селектор. Гана, која се квалификуваше за Светското првенство по петти пат, е во групата Л заедно со Хрватска, Англија и Панама.