Гамбиецот Маронг останува во Кратово: Потпиша нов договор со Силекс

by Стефан
1 минути читање

Гамбиецот Усман Маронг стави потпис на нов договор со екипата на Силекс и ќе остане во Кратово и во 2025 година.

Информацијата преку социјалните мрежи ја потврди Силекс.

„Усман Маронг го обнови договорот и останува да го носи „сино-црвениот дрес во 2025

25-годишниот играч за врска ни се прикчучи на почетокот од оваа година, каде настапи на 34 натпревари, на кој постигна два гола и десет асистенции“, објави клубот кој е лидер по првиот дел од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани