Адис Јаховиќ игра
во одлична голгетерска форма во дресот на Гезтепе, тој веќе има 11 погодоци зад
своето име, па го привлече вниманието на голем број клубови.
Последните
информации велат дека Галатасарај тропа на вратата на Македонецот. Гигантот од
Истанбул сака да го види напаѓачот во своите редови уште во јануари.
Според
реномираниот „Фанатик“, Галатасарај се надева дека ќе може да договори
пристојно обесштетување за Адис Јаховиќ.
Доколку Гезтепе побара неразумна сума во зимскиот преоден рок, Галата ќе се
обиде да го ангажира Македонецот како слободен играч откако ќе му истече
договорот на 30. јуни.
Во дресот на
Галатасарај во одлична форма настапува и Бафетимби Гомис, па со Адис Јаховиќ
покрај Французинот, тренерот Игор Тудор сака да направи страшно дуо во форот.