Галатасарај на маса ставила фантастични 65 милиони евра за ангажман на Виктор Осимен, но првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис го одбил предлогот и бара повеќе пари.
Виктор Осимен минатото лето беше инволвиран во трансфер сага која се влечеше до последниот ден и на крајот заврши на позајмица во Галатасарај откако ниту еден клуб не сакаше да ја плати цената која ја постави Наполи.
Напаѓачот се очекува повторно да биде на мета на гигантите ширум Европа, а последните информации велат дека Галатасарај на маса ставила неверојатна понуда за турски услови.
Клубот од Истанбул е подготвен да инвестира 65 милиони евра за во целост да го купи Виктор Осимен, овој предлог е три пати поголем од најскапиот трансфер во историјата на турскиот фудбал.
Сепак, ова сума не е доволна за Аурелио Де Лаурентис да си подаде рака, првиот човек на Наполи ќе чека повеќе пари и верува дека летоска ќе извади десетина милиони повеќе од продажба на напаѓачот.