Галатасарај прифати анти-Јувентус клаузула, трансферот на Осимен чекор поблиску

by bojan
1 минути читање
Наполи и Галатасарај постигнале вербален договор за трансфер на Осимен

Галатасарај прифати клаузула според која нема да може да го продаде Виктор Осимине во Серија А, или поточно во Јувентус, сега останува уште да се испеглаат бројките од трансферот и банкарската гаранција.

Галатасарај и Наполи со недели преговараат за трансфер на Виктор Осимен во Истанбул и зделката е чекор поблиску до реализација откако клубот од Истанбул прифатил едно барање на „наполитанците“.

Се работи за клаузула според која Галатасарај не смее да го продаде Виктор Осимен во Серија А, или поточно во Јувентус, клубот кој со години го мерка напаѓачот.

Наполи не сака лутиот ривал да има можност да го ангажира Виктор Осимен по поволни услови, па инсистираше на тоа Галатасарај да не смее да го испрати напаѓачот во Калчото во следните три години.

Сега откако е пронајден компромис за овој услов, останува да се испеглаат бројките од трансферот и банкарската гаранција.

Копјата се кршат околу тоа дали првичната исплата да биде 40 или 50 милиони евра, а додатните 35, односно 25 милиони евра да бидат исплатени на рати.

Ќе биде доставена и нова банкарска гаранција, па за очекување е во скоро време да се реализира овој голем трансфер.

ФОТО: X/Galatasaray SK

Можно е и ова да ти се допаѓа

×