Турскиот шампион Галатасарај има амбициозни планови за новата сезона и сериозно се подготвува да состави респектабилен тим кој ќе атакува и на европската сцена. Според информации од странските медиуми, управата на клубот разгледува опција за доведување на двајца фудбалери од редовите на Манчестер сити.
Прва желба на „лавовите“ е искусниот бразилски голман Едерсон, за кого се наведува дека би прифатил преселба во Истанбул, но бара годишна плата од околу 10 милиони евра, додека граководсството на „граѓаните“ веројатно би прифатило околу 20 милиони евра.
Покрај Едерсон, Галатасарај внимателно ја следи и ситуацијата со швајцарскиот репрезентативец Мануел Аканџи. Турскиот клуб се интересира за условите под кои би можел да го доведе дефанзивецот, но евентуален трансфер ќе зависи од тоа дали Аканџи ќе прифати значително пониска плата од онаа што моментално ја добива во Премиер лигата.