Галатасарај му го зеде скалпот на Ливерпул, победи за Баерн, Интер, Атлетико и Челси (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Галатасарај го приреди изненадувањето во Лигата на шампиони вечерва, шампионот на Турција го совлада Ливерпул со 1-0, останатите фаворити според планот и запишаа победи.

Ливерпул по одличниот старт на сезоната влезе во мала криза и врза два порази, вечерва избраниците на Арне Слот загубија на гостувањето кај Галатасарај.

Шампионот на Турција славеше со минимални 1-0, стрелец на голот беше Виктор Осимен од пенал во 16. минута.

На останатите натпревари од 21 часот, фаворитите си ја завршија работата и запишаа победи.

Баерн Минхен со 1-5 триумфираше кај Пафос, а со истиот резултат славеше и Атлетико Мадрид против Ајнтрахт Франкфурт.

Интер со 3-0 ја совлада Славија Прага, Марсеј со 4-0 го доби Ајакс, а Челси со минимални 1-0 ја победи Бенфика, и не му даде причини на Жозе Мурињо за радост на враќањето на „Стемфорд Бриџ“.

Единствениот натпревар на кој немаше победник беше пресметката помеѓу Бодо/Глимт и Тотнем, домаќините водеа со 2-0, но „спарси“ се вратија и се изборија за 2-2.

ФОТО: X/Galatasaray SK

Можно е и ова да ти се допаѓа

×