35
Јувентус доживеа дебакл на гостувањето кај Галатасарај каде загуби со 5-2 во првиот плејоф натпревар од Лигата на шампионите.
Галатасарај поведе уште во 15. минута со гол на Габриел Сара, но потоа следуваа два гола на Копмајнерс со кои Јуве го сврте резултатот и поведе со 2-1. Тоа беше резултат од првото полувреме.
Но, во вториот дел се променија работите, Галатасарај даде четири гола, а Јуве ниту еден.
Ланг во 49. минута израмни на 2-2, а Санчез десет минути подоцна погоди за комплетен пресврт и предност на турскиот тим од 3-2.
Работите се влошија за Јуве во 67. минута кога Кабал заработи втор жолт картон.
До крајот на мечот дадоа голови Ланг, негов втор погодок и Бој за конечни 5-2.