366
Според повеќе турски медиуми, Галатасарај ќе донесе уште еден Германец по Лерој Сане, се работи за голманот на Барселона, Андре Тер Штеген.
Од неодамна Галатасарај остана без својот легендарен голман, Фернандо Муслера, па сега се во потрага по негов наследник.
Наводно, турскиот клуб веќе ги договорил личните услови со Тер Штеген, сега се на потег двата клуба да се договорат за висината на обештетувањето.
Галата се надева дека ќе може да го добие и бесплатно, бидејќи Барса со самото ослободување од Тер Штеген ќе заштеди многу поради неговата висока плата.
Барса го има Шчесни, а го купува и Жоан Гарсија од Еспањол, па Тер Штеген ќе биде вишок иако веќе 11 години е во клубот.