Галатасарај ќе руши рекорд за да купи играч на Интер!

by riste
1 минути читање

Екипата на Галатасарај е подготвена да сруши бројни рекори во Турција со цел да го доведе фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Според последните информации, Галатасарај го контактирал 31-годишниот фудбалер од средниот ред кој е навивач на турскиот гигант и му понудиле договор на три сезони со плата од десет милиони евра годишно.

Исто така се подготвени да платат 30 милиони евра што би било рекорден трансфер во Турција. Во овој момент рекордот за најскап трансфер го држи Фенербахче кој минатото лето плати 19.5 милиони евра за Јусуф Ел Несери.

Кога во прашање е клупскиот рекорд во Галатасарај, најскап е Габриел Сар за кого исто така минатото лето платија 18 милиони евра.

Ќе потсетиме, Галатасарај ова лето веќе доведе едно големо засилување со пристигнувањето на Лерој Сане од Баерн Минхен.

Фото: Inter/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×