Галатасарај ќе плати скапо ако реши да го врати Осимен во Серија А

by bojan
1 минути читање
Наполи и Галатасарај постигнале вербален договор за трансфер на Осимен

Наполи и Галатасарај ги финишираат преговорите за трансфер на Виктор Осимен, големо внимание привлекува клаузулата со која „наполитанците“ се штитат од можноста напаѓачот да се пресели во редовите на ривал од Серија А.

По долги преговори и многу натегање, конечно се наѕира крајот на трансфер сагата на Виктор Осимен.

Голем број на извори пренесуваат дека двата клуба си подале рака за зделка од 75 милиони евра, според која веднаш ќе бидат платени 40 милиони евра, додека пак преостанатите 35 милиони евра ќе бидат платени до крајот на 2026 година.

Големо внимание привлекува клаузулата со која „наполитанците“ се штитат од можноста напаѓачот да се пресели во некој од ривалите на Наполи во Серија А.

Галатасарај не смее да го продаде Виктор Осимен на клуб од Италија во следните две години, а доколку го стори тоа, ќе плати скапо – 75 милиони евра, колку што вреди и сегашниот трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×