336
Џиџо Донарума нема веќе да брани во ПСЖ, негова следна дестинација би требало да биде Премиер лигата.
Најзагреан за неговиот потпис е Манчестер Сити, но за трансферот да се случи најпрво треба да го продадат Едерсон.
Последните информации велат дека Галатасарај може да биде купувачот на Едерсон.
Турскиот клуб испратил понуда од 10 милиони евра за Едерсон, но Сити сака повеќе.
Се очекува Галатасарај и Манчестер Сити да најдат решение за трансферот бидејќи на двете страни им одговара Едерсон да заврши во турскиот клуб.
Ако тоа се случи, Донарума ќе пристигне во тимот на Пеп Гвардиола.