Фабрицио Романо објави дека Галатасарај понудила 50+5 милиони евра за ангажман на Виктор Осимен, вакви суми не се видени во турскиот фудбал, но и ова не е доволно за Наполи да го продаде напаѓачот.
Галатасарај сака да реализира трансфер бомба и во целост да го купи Виктор Осимен откако напаѓачот минатата сезона беше на позајмица во Истанбул.
Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, популарните „лавови“ понудиле 50 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси, вакви суми не се видени во турскиот фудбал.
Сепак, и ова не е доволно за Наполи да го продаде напаѓачот, шампионот на Италија бара повеќе за да даде зелено светло.
Ал Хилал останува во трката за потписот на Виктор Осимен и е подготвен да ја плати откупната клаузула од 75 милиони евра, но до овој момент, Нигериецот не е привлечен од идејата да се пресели во Саудиска Арабија.
ФОТО: X/Galatasaray S.K.