Галатасарај доби пет милиони евра, па потврди: Мората може да си оди!

by riste
1 минути читање

Алваро Мората наскоро ќе потпише за Комо откако и последната пречка е елиминирана, Галатасарај се сложи да го пушти за компензација од пет милиони евра.

Мората е фудбалер на Милан, но имаше договорено позајмица со Галатасарај и за престојната сезона.

За да ја раскине позајмицата, Комо на Галатасарај му плати пет милиони евра по што турскиот клуб се сложи да го пушти.

Мората сега оди во Комо како позајмен играч од Милан со обврска да биде откупен за 10 милиони евра наредното лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×