Македонскиот бомбардер
Адис Јаховиќ заедно со Бафетимби Гомис од Галатасарај се првите стрелци во
турската Суперлига засега, а за нашиот интернационалец излегоа низа шпекулации
за повеќе екипи кои се заинтересирани за неговиот потпис, меѓу кои токму и
Галатасарај.
Турскиот гигант излезе
со демант на овие шпекулации, велејќи дека хрватскиот стратег од клупата на
овој тим, Игор Тудор, немал такво барање за трансфер.
„Игор Тудор нема такво
барање, ја користиме оваа прилика да упатиме демант за тие шпекулации. Што би
правеле со Јаховиќ кога го имаме Ерен како замена?“ прашуваат од Галатасарај.
Што се однесува пак до
Јаховиќ, тој игра во извонредна форма, освен Галатасарај, медиумите во Турција
на големо пишуваа за интерес од актуелниот бранител на тамошниот шампионат
Бешикташ, кој игра одлично и во Лигата на шампионите, а останатите се
Анталијаспор и ЦСКА Москва.
Актуелниот важечки
договор на Јаховиќ со Гезтепе истекува идното лето, клубот од Измир веќе има
подготвено понуда за продолжување на соработката, но останува да видиме како ќе
течат преговорите помеѓу обете страни.
Извор: aspor.com.tr