Нејмар повторно се најде во центарот на вниманието во Бразил откако селекторот Карло Анчелоти одлучи да не го повика напаѓачот на Сантос за претстојните натпревари, кои се генерална проба пред Светското првенство.
Најдобриот стрелец во историјата на бразилската репрезентација со 79 голови и втор по број на настапи со 128, за многумина практично е отпишан од плановите за Мундијалот. Сепак, Нејмар се надева дека на крајот сепак ќе добие повик и ќе биде меѓу патниците.
Дополнително, внимание привлече и гаф на „Нетфликс“ во документарецот посветен на Роналдињо. Во еден момент, кога зборува Нејмар, описот го прикажува како „поранешен бразилски фудбалер и легенда на Барселона“. Овој пропуст брзо стана вирален на социјалните мрежи, а многумина иронично забележаа дека тоа и не е толку далеку од вистината, со оглед на тоа што Нејмар во последните години често е повреден и поминува многу време надвор од терените.
A Netflix botou o Neymar como ex-jogador no documentário do Ronaldinho KKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKK pic.twitter.com/SITb5tqpXQ
— Raphael Memes (@RaphaelMemes) April 3, 2026