Гачевски открива: Имам тренирано со Јан Облак, се слушаме од време навреме

by
1 минути читање

Филип Гачевски,
стандардниот чувар на мрежата на Вардар, во интервју за официјалниот клупски
сајт издвои пет работи кои јавноста не ги знаела за него во неговите живот и
кариера.

„Да не би бил голман,
можеби би бил полицаец…“
, открива тој. Додаде и тоа дека сакал да се откаже од
фудбал на само 23 години по тешкиот период во Австрија и по многуте неправди
преживеани особено во последната од петте години кои ги минал таму.

Сепак, она што разбуди најголем
интерес кај фудбалските фанови е податокот дека тренирал заедно со еден од
најдобрите голмани во светот, чуварот на мрежата на шпанскиот гигант Атлетико
Мадрид, Јан Облак.

„Јас и Облак трениравме заедно кога јас имав 18 години, а
тој имаше 16. Трениравме заедно во младинската репрезентација на Словенија. И
ден денес сме пријатели и секогаш кога имаме слободно време се слушаме. Можам
за него да кажам дека е феноменален голман и одличен човек
“, открива 23-годишниот Гачевски.

Откри и еден
интересен детаљ од соблекувалната на Вардар, поврзан со Горан Попов, за кого
вели дека, освен што добро игра фудбал, го биело и добар глас за пеење.

Вардаровиот голман
може да стане рекордер по бројот на натпревари без примен гол во една сезона. Го
израмни рекордот со 17 меча со празна мрежа и вели дека посакува барем уште
еден без примен гол за да го урне овој рекорд. За тоа да го направи ќе треба да
го сочува својот гол веќе в
недела во градското дерби во кое Вардар има статус
ба гостин против Работнички.

Фото:
ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

×