630
По вчерашниот натпревар против Силекс, Вардар комплетно се фокусира на случувањата во Лига Европа каде во четврток го пречекува Зенит.
Македонскиот шампион на домашен терен ги победи Малме, Копенхаген и Фенербахче, па сите посакуваме таквата серија да продолжи и во четврток иако противникот е тежок.
„Сега се фокусираме на натпреварот со Зенит. Од денеска веќе мислиме на тој натпревар. Запишавме историја со пласманот во групната фаза, и сега е време да покажеме дека досегашнтие резултати до сега не се случајни. На домашен терен ги победивме сите, и сакаме да продолжиме во ист стил“, вели Гачевски за официјалниот сајт на Вардар.
ФОТО: ФК Вардар