Габон доживеа дебакл, па ги избркаа Обамејанг и селекторот!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Габон го заврши настапот на Африканскиот куп на нации во Мароко уште по групната фаза, и тоа со три порази од три натпревари и ниту еден освоен бод, што предизвика бурни реакции во јавноста.

Лошите резултати донесоа силен притисок врз националниот тим, а најмногу критики се насочени кон најголемата ѕвезда, Пјер-Емерик Обамејанг, од кого се очекуваше многу повеќе на турнирот.

По елиминацијата, Фудбалската федерација на Габон реагираше експресно. Раководството донесе одлука за распуштање на целиот тренерски стручен штаб, а дополнително беа преземени и драстични мерки кон играчкиот кадар. Обамејанг, заедно со капитенот Бруно Екуеле Манга, се отстранети од репрезентацијата.

Одлуката беше соопштена преку официјално соопштение на федерацијата, кое набрзо беше избришано од социјалните мрежи, но дотогаш веќе беше пренесено од повеќе локални медиуми и предизвика нов бран реакции во јавноста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×