Ѕвездата на ПСЖ,
Нејмар на социјалните мрежи објави видео од својот дом, а на истото јасно се
гледа како Габигол е покриен со лист хартија на постерот во неговата соба,
станува збор за фотографија од Олимписките игри во Рио во 2016. година, каде
Нејмар прославува заедно со Габигол и Габриел Жесус.
Сепак, по тоа
видео од страна на Нејмар, Габигол веднаш реагираше, па така веднаш објави и
тој видео, но со сестрата на Нејмар, со која поранешниот фудбалер на Интер наводно
е во врска неколку месеци.
Се чини дека
Нејмар работите ги сфатил многу сериозно околу врската помеѓу Габигол и Рафаела
Сантош, меѓутоа не е исклучено да станува збор за шега од страна на фудбалерот
на ПСЖ.
Кога сме веќе на
оваа тема, вреди да се издвои и дека одредени медиуми пред извесен период
пренесоа дека Рафаела е бремена и чека дете, меѓутоа таа вест брзо беше демантирана.