Футсалците со пораз ги стартуваа квалификациите за ЕП

by
1 минути читање

Најдобрата
македонска футсал репрезентација со пораз од Босна и Херцеговина со 2-1 го
стартуваше новиот циклус квалификации за Европското првенство идната година.

На пресметката во
Зеница, Босанците со двата погодоци на Јосип Бошковиќ (7,11 / 16,24) дојдоа до
капитална предност од 2-0 која подоцна нашите футсалци имаа мака да ја
престигнат.

Драган Петровиќ
намали на 2-1 (22,15) меѓутоа тоа беше се
што сторија нашите футсалци на овој меч на
резултатски план, иако можеа да дојдат до бод од овој меч, ако се земе во
предвид дека четири минути претходно Дандан промаши во ударот од белата точка.

Во второто коло,
Македонија идната среда на домашен терен ја пречекува Романија, која ремизираше со фаворитот
во групата Србија (2-2).

 

Фото:
ffm.mk (архива)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×