Европската фудбалска федерација ја одржа ждрепката за првата рунда од квалификациите за Европското првенство во футсал кое ќе се одржи во 2028 година, а македонската репрезентација доби јасна слика за патот што ја очекува.
Македонија ќе настапува во Групата Ц, каде за противници ќе ги има селекциите на Турција, Бугарија и Литванија. Натпреварите од оваа фаза ќе се одиграат во периодот од 6 до 15 април 2026 година, а сите репрезентации ќе се борат за место во следната рунда од квалификациите.
Во првата фаза се формирани вкупно шест групи со по четири селекции, а право на пласман понатаму ќе обезбедат двете најдобри репрезентации од секоја група. Тие ќе се приклучат на главната квалификациска рунда, во која веќе се вклучени водечките европски футсал селекции.
- Групи за квалификациите за ЕП:
Група А: Данска, Андора, Малта, Шкотска
Група Б: Шведска, Англија, Швајцарија, Северна Ирска
Група Ц: Македонија, Литванија, Турција, Бугарија
Група Д: Косово, Црна Гора, Австрија, Гибралтар
Група Е: Латвија, Албанија, Кипар, Сан Марино
Група Ф: Грција, Норвешка, Израел, Естонија