584
Футсал репрезентацијата на Македонија денеска претрпе убедлив пораз од Португалија со 1:5.
Португалците важеа з голем фаворит и не дозволија изненадување. Македонија прва поведе преку Рамандан во 9. минута, но тоа речиси да беше се од нашата селекција денеска. Сантош две минути подоцна погоди за израмнување.
Гостите во 16. дојдоа и до целосен пресврт, а Невеш во 18-тата минута се погрижи за 1-3.
Не се промени сликата на теренот ниту во вториот дел, Португалија констатно имаше контрола на случувањата на теренот, па така преку Варела постигна уште два гола за конечни 1-5.
Овој пораз за Македонија беше втор во третиот натпревар, а во групата имаме и едно реми против Андора.